Мурињо и Венгер се „тепаат“ за италијански голгетер!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Андреа Белоти е најголемо откритие во Серија А оваа сезона и со своите фантастични партии го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Белоти постигна 8 гола на 10 натпревари во Серија А, а во италијанската репрезентација три пати се запиша во листата стрелци на исто толку натпревари.

Има 22 години и експертите му предводуваат блескава иднина, а за неговиот потпис силен интерес покажуваат англиските гигнати Манчестер Јунајтед и Арсенал.

„Газета дело Спорт“ тврди дека Торино веќе спрема нов договор за својата ѕвезда за да се заштити од нападите на гигантите, а во новиот договор ќе има откупна клаузула од 50 милиони евра.

Жозе Мурињо и Венгер го сакаат италијанскиот напаѓач уште во јануари и се спремни да платат 35 милиони евра, па сигурно дека Белоти ќе биде една од ѕвездите на преодниот рок.

Покрај англиските гигнати силен интерес за Белоти покажува и Милан, кој е спремен да го продаде Бака само за да го донесе италијанскиот голгетер во своите редови.