Мурињо го „пецна“ Манчестер Сити за Санчез


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо изјави дека Алексис Санчез не избрал да се пресели на „Олд Трафорд“ поради пари.

Санчез беше на чекор од Манчестер Сити, но во последен момент се предомисли и потпиша за Манчестер Јунајед. Многумина тврдат дека пресудна била побогатата понуда од „црвените ѓаволи“ кои го направија Чилеанецот најплатен фудбалер во Премиер лигата.

„Не знам зошто го избра Манчестер Јунајтед, но знам, дека ако другите клубови не успеале да го доведат, тоа сигурно не е поради пари. Анализирајте ги сумите и ќе видите дека Манчестер Сити, Челзи, па дури и Евертон потрошија повеќе од нас“, заклучи Мурињо.

Чилеанецот на „Олд Трафорд“ ќе заработува 450.000 фунти неделно, но „Специјалниот“ има своја математика.

„Треба да се гледа целиот трансфер од друга перспектива. Колку ќе изнесуваше трансферот на Санчез ако тој имаше договор на уште три години? Ако ги гледаме сегашните суми, сигурно помеѓу 100 и 150 милиони фунти. Тој имаше многу голем избор, а се реши да дојде кај нас“, истакна Португалецот.