Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Типично за него, Жозе Мурињо во свој стил ја искористи шансата да го „пецне“ Манчестер Сити за елиминацијата од ФА Купот.
Сити беше елиминиран од Виган со 1:0, но по завршувањето на мечот дојде до голема расправија во тунелот и за малку беше избегната физичка пресметка меѓу Гвардиола и неговиот колега од Виган.
Жозе Мурињо го иронизираше тоа што се случи во Виган, иако неговиот тим во декември беше елиминиран од Бристол Сити во Лига Купот.
„Ние бевме елиминирани во четвртфиналето, но тоа го направивме на начин каков што му прилега на Манчестер Јунајтед – чесно и фер плеј и како дел од радоста на противникот кој успеал да „убие“ еден од гигантите. Дури и во поразите ние сме голем клуб, за разлика од некои други“, ироничен беше „Специјалниот“.
A simple gesture from José Mourinho but it has made this mascot's night ? pic.twitter.com/n6uc444XDb
— Football on BT Sport (@btsportfootball) February 21, 2018