Мурињо го „краде“ Видал пред носот на Интер


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Артуро Видал веќе подолго време се поврзува со трансфер во Интер, но сега „нероаѕурите“ ќе добијат силна конкуренција во трката за потписот на Чилеанецот.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Манчестер Јунајтед е сериозно заинтересиран за потписот на Видал и наводно веќе почнале да преземаат конкретни чекори.

Баерн за слободата на Чилеанецот бара 30 милиони евра, додека „нероаѕурите“ не се спремни да понудат повеќе од 22 милиони евра.

Таквата ситуација е спремен да ја искористи Јунајтед, кој нема проблем да ги плати бараните 30 милиони евра и да го „украде“ фудбалерот пред носот на Интер.

Видал наводно преферира преселба во Италија, но „црвените ѓаволи“ се спрмни да му понудат повисока плата, притоа се во одлични односи со неговиот агент, кој исто така го претставува и Алексис Санчез.