Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо додатно ја вчешти атмосферата пред денешното големо дерби против Челзи на „Стенфорд Бриџ“.
„Специјалниот“ изјави дека би бил среќен доколку најголемата ѕвезда на „сините“ Еден Азар се пресели во редовите на Манчестер Јунајтед.
„Ќе бидам многу среќен да го видам Азар во Јунајтед. Но, не мислам дека Челзи ќе ни го продаде. И нема смисла да коментираме на оваа тема. Во Лондон имаат интелигентни менаџери кои се разбираат од фудбал“, изјави Мурињо.
„Ако ги погледнете последните години, Еден е најдобар фудбалер во Премиер лигата. Тој е фудбалер, кој може да го промени текот на натпреварот во секој момент“, додаде Португалецот.
Деновиве иднината на Азар е главна тема на Островот поради фактот што Белгиецот јавно призна дека негов сон е да заигра за Реал Мадрид.