Спорт

Мурињо добива 250 милиони за трансфери – позната првата мета!

Англиските медиуми пренесуваат дека раководството на Манчестер Јунајтед ќе му одобри на Мурињо буџет од 250 милиони фунти за летна селекција.

„Специјалниот“ веќе имал средба со раководството и им соопштил на кои позиции сака да го засили тимот, а главната трансфер цел е ѕвездата на Реал Мадрид Герет Бејл.

Бејл е на излезна врата од „Сантиаго Бернабеу“ и сака да се врати во Премиер лигата, а медиумите тврдат дека Реал е спремен да го продаде за 100 милиони евра.

Мурињо сака да ја засили и одбраната на Јунајтед, а за таа цел се фокусирал кон Алекс Сандро од Јувентус и Тоби Алдервеирелд, кој оди да продолжи договорот со Тотенхем.

Останатите имиња во списокот на Мурињо се ѕвездата на Шахтјор, Фред и Жан Мишел Сери од Ница.

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top