Спорт

Мурињо со брутален одговор до Де Бур: Ти си најлошиот тренер во историјата!

Холандскиот тренер Франк Де Бур го критикуваше Жозе Мурињо за неговиот однос со младата ѕвезда Маркус Рашфорд.

Де Бур изјави дека проблем за Рашфорд е што има тренер како Жозе Мурињо, па беше за очекување дека „Специјалниот“ веднаш ќе одговори.

Мурињо спреми брутален одговор и го нарече Де Бур најлошиот тренер во историјата на Премиер лигата.

„Прочитав што имаше да каже најлошиот тренер во историјата на Премиер лигата. Вели дека не е добро за Рашфорд да има тренер како мене. Ако Рашфорд имаше тренер како Франк, ќе научеше само да губи, бидејќи тој ги загуби сите натпревари во Премиер лигата“, изјави Мурињо.

„Маркус сака да победува, не ги игра сите натпревари бидејќи има само 20 години, но тој е многу среќен од својот статус. Ван Гал го вклучи во првиот тим и тој е еден од петте играчи со најголема минутажа во последните две сезони“, додаде Португалецот.

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top