Мурињо бара буџет од 200 милиони – еве како ќе го троши!

epa05853265 Manchester United manager Jose Mourinho reacts during the UEFA Europa League round of 16, second leg soccer match between Manchester United and FK Rostov at Old Trafford in Manchester, Britain, 16 March 2017. EPA/PETER POWELL

Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо сака од раководството да му обезбеди буџет од 200 милиони фунти, за да може да го засили тимот во текот на летото, тврдат медиумите на Островот.

Според последните информации, приоритетна цел на „Специјалниот“ е ѕвездата на Атлетико Мадрид Антоан Гризман, кој ќе го чини тимот 86 милиони фунти (100 мил. Евра), колку што е клаузулата за раскинување со тимот од Мадрид.

Прутоа Мурињо сака да ги зацврсти бековските позиции и прва цел ќе му бидат двајцата дефанзивци на француски Монако – Бенџамин Менди и Џибрил Сидибе, кои би го чинеле вкупно 40 милиони фунти.

Што се однесува до средниот ред, најголема желба на „Специјалниот“ е повторно еден играч од „кнежевството“, а станува зборе за Темуе Бакајоко, за кого смета дека би бил идеален партнер за Пол Погба. Неговата цена во моментов изнесува помеѓу 35 и 40 милиони фунти.

Ерик Даер од Тотенхем исто така една од желбите на Мурињо, но неговото привлекување би било доста тешко и тој исто така ќе чини помалку 40 милиони фунти.

Мурињо и минатото лето потроши 200 милиони фунти на засилувања, па за само една година ќе стигне до бројката од 400 милиони фунти и сигурно нема да има алиби за следната сезона.