Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Жозе Мурињо не би бил „Специјален“ ако секогаш не нашоѓа причина и аргумент за да се пожали за нееднаков третман, во случајов во споредба со својот поранешен клуб.
Мурињо е разочаран што Јунајтед ќе игра денес натпревар во Премиер-лигата, само 48 часа по последниот меч, додека Челзи ќе има еден ден повеќе одмор бидејќи дербито со Тотенхем се игра утре вечер.
„Тешко е да се играат два меча во рок од 48 часа, секако дека е тешко. Иста е ситуацијата и за Вест Хем. Што да правиме кога Чезси е повластен клуб“, изјави Мурињо.
Неговиот поранешен клуб е лидер на табелата, а Манчестер Јунајтед заостанува цели 13 бода зад „сините“.