Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Мундо Депортиво“, весник кој секогаш е добро информиран за случувањата во Барселона, пренесува дека Барселона го следи напаѓачот на Милан и португалската репрезентација, Андре Силва.
21-годишниот Португалец ова лето за 40 милиони евра пристигна на „Сан Сиро“ и почна да го покажува својот квалитет.
Иако во Серија А не добива голема минутажа, Адре Силва е прв стрелец во Лига Европа со шест постигнати гола, а блеска и во дресот на Португалија каде на последните 9 меча постигна 8 гола.
„Мундо Депортиво“ пренесува дека Барселона внимателно ги следи неговите настапи и сака следното лето да го донесе на „Камп Ноу“.
Каталонците се спремни да понудат 30 милиони евра, плус потписот на Жерар Делуфеу, па останува да видиме како ќе реагира Милан на оваа понуда.