Mундијал на изненадувања: Сенегалците подобри од Левандовски и друштвото (видео)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Со денешниот натпревар од 17:00 часот помеѓу Полска и Сенегал се стави и крај на првото коло од Мундијалот во Русија, кое беше обележано со неколку изненадувања од кои најголеми секако се поразот на светскиот шампион и ремито на Бразил.

И денешната победа на Сенегал, можеби не така големо, но секако е изненадување со оглед на тоа дека Полска важи за репрезентација која сака пласман во нокаут фазата и во овој момент се наоѓа на осмата позиција на ФИФА ранг листата.

Сепак, тоа на теренот не значеше ништо Полска покажа премалку и на крајот загуби со 2:1.

Сенегал до предност стигна со еден може да се каже среќен гол, односно автогол на Чионек во 37 минута од средбата.

Од човекот од кого многу се очекуваше на оваа средба, Роберт Левандовски исто така не видовме многу. Најсериозната закана напаѓачот на Баерн Минхен ја испрати преку еден слободен удар во вториот дел.

Сенегал добро го чуваше својот гол, не дозволуваше посериозни шанси на фаворитот, а во 60 минута успеаа да казнат едно недоразбирање во полската одбрана. Стрелец на голот беше Нианг.

Полска со таквата анемична игра успеа да стигне само до ублажување на предноста и тоа преку Краховијак на пет минути пред крајот на натпреварот кој ги постави конечните 2:1.