Мукоски и Василевски во домашен притвор, Чавков почна штрајк со глад


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Одбиени барањата на обвинителството за определување мерка притвор на пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василевски од страна на Кривичен суд. Двајцата остануваат во домашен притвор. На пратениците Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски и на уште две лица им се продолжени мерките за претпазливост.

Судот им определи 30 дена притвор на поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков и на уште четири лица обвинети за настаните во Собранието на 27 април минатата година.

Револтиран од одлуката на Кивичниот суд, Чавков, кој има проблеми со срцето, дури одбивал и да ја прима редовната лекарска терапија.

Неговото семејство во изјава за „Нетпрес“, вели дека е загрижено за неговата здравствена состојба и дека во изминатиот период се под постојани притисоци и закани.