Мукоски и Василевски денес на распит во обвинителство за крвавите настани на 27 април


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


За денес во скопското Јавно обвинителство е закажан распит на пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василевски за настаните од 27 април. Од снимките на службените камери во Собранието се гледа како овие двајца пратеници на ВМРО-ДПМНЕ ги отвораат вратите од главниот собраниски влез пред да влезе толпата која ги предизвика крвавите настани на 27 април.

На распитот во обвинителството Мукоски и Василевски ќе треба да ги објаснат овие нивни постапки.

Освен овие двајца, на снимките се гледа дека и пратеникот Јохан Тарчуловски имал слична улога за време на настаните од 27 април.

Се претпоставува дека деновиве на распит ќе биде повикан и Тарчуловски и уште неколкумина други пратеници кои исто така биле во холот на Собранието пред да влезе толпата.

За овие настани досега 15 лица се осомничени за учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејство и за учество во толпа што ќе изврши кривично дело. Неколкумина веќе се обвинети и за обид за убиство, а еден е осуден на четири години затвор.