Мукоски: Притворот на Мијалков не е добар за помирувањето


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во изјава за порталот Мкд.мк, еден од „избрканите“ од ВМРО-ДПМНЕ, пратеникот Крсто Мукоски потенцираше дека притворањето на Сашо Мијалков не оди во прилог на процесот на помирување.

„Не сакам ништо повеќе да коментирам. За тоа дали нешто ќе менуваме во однос на нашиот став за промени во Уставот засега не сакам ништо да коментирам. Наскоро ќе имаме и состанок на пратеничката група и ќе го соопштиме нашиот став. Ние подготвуваме и наш предлог за наредниот состанок на собраниското Координативно тело за помирување, кое деновиве треба да се состане“, вели во изјавата Крсо Мукоски.

Мукоски е еден од обвинетите за случајот „27 април” и член на новата пратеничка група, поранешни членови на ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа за промена на Уставот.