Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Пратеникот Крсто Мукоски, кој беше еден од исклучените пратеници од пратеничката група на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, во изјава за „Независен“, соопшти дека не размислувал за враќање во ВМРО-ДПМНЕ.
„На средбата воопшто не стана збор за наше враќање во партијата, ниту пак, претходно сме разговарале за тоа“, истакна Мукоски.
Мукоски е дел од групата на осум пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, кои беа беа исклучени од повеќе матични партии, бидејќи гласаа за уставните измени.