Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Пратеникот и потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири објави дека тој и неговото семејство – сопругата и тримесечната ќерка се позитивни на ковид-19.
„И покрај внимателноста и придржувањето до препораките за минимум контакти, би сакал да ве информирам дека јас, сопругата и тримесечната ќерка имаме позитивни резултати на ковид-19. За среќа немам никакви симптоми, но тестот покажа позитивен резултат. Уште еднаш апелирам до сите да не го потценуваат вирусот и да бидат максимално внимателни. Доколку имате и најмали сомневања, одете и тестирајте се“,
напиша Зекири на Фејсбук и упати извинување до сите со кои во последните денови бил во контакт, како и жалење што ненамерно ги довел во непријатна ситуација.