Мухамед Зекири: Горчлива победа на СДСМ – резултатот поука за сите нас!


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


По објавувањето на првичните неофицијални резултати од првиот круг на претседателските избори, први избори откако Македонија официјално го промени своето име во Република Северна Македонија, пратеникот од владејачката СДСМ, Мухамед Зекири, со самокритичен статус на Фејсбук порача дека дел од функционерите на СДСМ мора да понесат одговорност за ваквата „горка победа“, како и дека е време голем дел од албанската политичка елита да си замине во пензија.

„Горчлива победа. Резултатот поука за сите нас!!!
Граѓаните знаат да наградат, а и да казнат. Посебна честитка до гласачите Албанци кои дадоа поддршка за Стево Пендаровски, како и за извонредниот резултат и поддршката што ја доби кандидатот Блерим Река!!!
Граѓаните Албанци јасно демонстрираа дека е дојдено време од политичката сцена да се пензионира голем дел од политичката елита на Албанците во Република Северна Македонија!!!
Време е и за одговорност и на дел од функционери од нашата СДСМ!
#ПродолжувамеЗаедноНапред

Fitore e idhët. Rezultati mësim për të gjithë ne!!!
Qytetarët dinë të shpërblejnë, por edhe të ndëshkojnë. Dua posaçerishtë të faleminderoj votuesit shqiptarë që i dhanë përkrahje kandidatit tonë Stevo Pendarovski si dhe të uroj për rezultatin fantastik dhe përkrahjen që mori kandidati Blerim Reka!!!
Qytetarët shqiptarë qartë demonstruan se ka ardhur koha të pensionohen nga jeta politike një numër i madhë i elites politike të shqiptarëve nga Republika e Maqedonisë së Veriut.
Koha është edhe për përgjegjësi të një pjese të funksionarëve edhe nga rradhët e partisë tonë LSDM!!!
#VazhdojmeBashkePerpara“