Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Откако во медиумите и јавноста одекна информацијата дека славниот холивудски брачен пар Џенифер Анистон и Џастин Теро се разведуваат, а тие ја потврдија истата, почна да се шпекулира која е вистинската причина за разводот.
Во морето разни терории, се издвои текст кој го објави списанието „US Weekly“ каде се вели дека Теро збеснал кога прочитал стари пораки од Бред Пит, кои Анистон ги чува повеќе од 10 години.
На Џастин воопшто не му било пријатно кога тој случајно налетал на пораките што ги напишал Бред кои гласеле: „Веќе ми недостигаш„ и „Изгледаш одлично вечерва“.
Џенифер го убедувала дека тоа не значи ништо и дека не мора да се грижи за тоа, но Џастин не ѝ поверувал.
Од друга страна, се зборува дека Теро наоѓа утеха во прегратките на Наоми Вотс, но не постои официјална потврда за таа врска.