Му запнаа на Бил Гејтс: „На работа доаѓаше со Мерцедес, а на швалерисување одеше со Порше“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Откако со Мелинда го најавија брачниот развод, Бил Гејтс стана мета на голем број јавни трачарења, муабети, шпекулации, вистини и невистини, со оглед на фактот дека години наназад и денес е еден од највлијателните луѓе на планетата, како финансиски, така и општествено. Особено се пикантни деталите кои се пласираат во јавноста поврзани со неговиот приватен (читај љубовен) живот.

Бил на работа доаѓаше во Мерцедес, а потоа ќе заминеше со кафеаво-златно Порше , што му го довезуваше асистентот“, тврдат неговите соработници, кои сметаат дека тоа било тактика да се запознава со други жени додека бил во брак.

„Претпоставувавме дека тоа го прави за да се запознава со други жени“, изјави еден вработен во „Мајкрософт“ за „Венити фер“. „Исто така знаев дека тој често оди на некои состаноци што не беа наведени во неговиот календар“, додаде тој.

Инаку, Гејтс е познат како страствен колекционер на автомобили со посебна страст кон Порше.

Вработените во „Мајкрософт“ исто така морале да потпишат договори за доверливост со кои им се забранува да зборуваат за начинот на кој Гејтс управува со компанијата.

Два извори за магазинот исто така изјавиле дека некој од кругот на Мелинда соработувал со приватен истражител, што на крајот довело до барање за развод. Наодите на приватниот истражител, според Венити Фер, исто така, ќе бидат вклучени во бракоразводната парница.

Портпаролите на Гејтс ги отфрлија обвинувањата. „Ниту Мелинда ниту никој од блиските луѓе не ангажираа приватен истражител“, се вели во соопштението.

Во мај, Њујорк Тајмс објави дека Гејтс често им се додворувал на жени кои работеле за него додека тој бил претседател на Мајкрософт. Тој наводно испратил е-пошта до една со покана за вечера, додека друга, наводно, ја поканил на состанок, додека тие биле заедно на службено патување.

Неколку сегашни и поранешни вработени во „Тајмс“ тогаш откриле како овие инциденти довеле до создавање на непријатно работно опкружување, а личните животи на Гејтс станале мета на озборувања меѓу вработените.

Во 2019 година, одборот на директори на „Мајкрософт“ отворил истрага за неговото однесување, а Гејтс се повлече од одборот следната година, откако компанијата ангажира адвокатска канцеларија за да ги испита наводите.

Портпаролката тогаш рече дека неговата „одлука да го напушти управниот одбор“ нема никаква врска со аферата, а самиот Гејтс ја опиша како „несовесна и дел од минатото“.

Еден поранешен вработен го нарече „немилосрден“ и „непопустлив“. „Тој би ти поставил прашање, а кога ќе одговориш, те гледаше и ти викаше: Тоа НЕ е вистинскиот одговор!’ “го опиша своето искуство во работата со Гејтс.

Бил и Мелинда Гејтс го објавија разводот на почетокот на мај.

“Во текот на изминатите 27 години, одгледавме три неверојатни деца и изградивме фондација која делува низ целиот свет за да им овозможи на сите луѓе да живеат здрав и продуктивен живот. Продолжуваме да го споделуваме нашето верување во оваа мисија и да работиме заедно во фондацијата , но повеќе не веруваме дека можеме да работиме заедно, да растеме како пар во следната фаза од нашите животи “, напишаа тие во објавата.

Тие биле во брак 27 години. Се запознале кон крајот на осумдесеттите кога Мелинда се приклучи на „Мајкрософт“ на Бил, а се венчаа во 1994 година. Заедно имаат три деца.