Home Шоубизнис Му виси затвор: Државата Њујорк ги тужи Вајнстин, неговиот брат и филмското студио

Му виси затвор: Државата Њујорк ги тужи Вајнстин, неговиот брат и филмското студио

Државата Њујорк подигна обвинение против Харви Вајнстин, неговиот брат и компанијата „Вајнстин“, со тврдење дека не ги заштитува работниците и работничките од сексуално вознемирување и злоупотреба од бившиот холивудски продуцент.

Во тужбата се наведува дека Вајнстин со години ги вознемирувал и злоупотребувал своите работнички и им се заканувал на работниците дека ќе ги убие. Тужбата е иницирана после повеќемесечното собирање докази.

Главниот њујоршки обвинител Ерик Шнајдермен потврди за медиумите дека е поднесена тужба против компанијата „Вајнстин“, продуцентот Вајнстин и неговиот брат Роберт, кој е ко-основач на студиото „Вајнстин“.

Шнајдермен бара неодредена сума пари за жртвите од сексуалниот предатор и казна затвор за 65-годишниот бивш филмски могул и некои вработени во неговата компанија. Како што се наведува во тужбата, раководителите и шефовите во студиото „Вајнстин“ и Роберт Вајнстин се виновни бидејќи не го спречиле малтретирањето на вработените, иако знаеле што се случува.

Адвокатот на Вајнстин вели дека „фер распитувањето“ ќе покаже дека многу од наводите во тужбата не се точни.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Ника Тошиќ разочарана од оние што најмногу ги сакаше: Мислевте дека не знам што зборувате зад мојот грб

Ника Тошиќ разочарана Ника Тошиќ се разочарала во оние на кои им верувала и со кои била бл…