Му скокна да го тепа, па виде дека тоа е Ериксен – реакцијата на Вилијамс од Норич стана хит на социјалните мрежи (снимка)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Фудбалерот на Норич Брендон Вилијамс стана хит на социјалните мрежи поради неговата реакција на дуелот против Бренфорд, дефанзивецот тргна да се тепа, но кога виде дека се работи за Кристијан Ериксен, се насмевна и го прегрна.

Кристијан Ериксен минатата недела се врати на фудбалските терени и за прв пат играше фудбал по Европското првенство, кога колабираше на теренот и добро ги исплаши сите.

Данецот вчера беше стартер и одигра 90 минути во победата на Бренфорд на гостувањето кај Норич од 1-3.

Пред крајот на првиот дел тој беше инволвиран во еден дуел по кој Брендон Вилијамс стана хит на социјалните мрежи. Кристијан Ериксен не бираше начин како да го сопре ривалот и со рагби старт го собори на тревата. Дефанзивецот беше изнервиран, дури му скокна да се тепа, но кога виде за кого се работи, се насмевна и го прегрна Данецот.