Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
67-годишниот Колин Стир со години упорно изкопува земја од средновековен бунар кој го откри копајќи среде својата дневна соба, трагајќи по закопаното богатство кое сонувал дека се наоѓа таму.
Дупката која Колин, пензионер од англискиот место Плимут, со години ја продлабочува се наоѓа во дневната соба од неговата семејна куќа. Тој со сопругата и децата се вселил во оваа викторијанска куќа од 19 век пред 30 години,
Необичната нерамнина на подот веднаш му привлекла внимание. Кога една ноќ сонувал богатство во својата куќа, мажот зел копач и лопата во раце и набрзо под софата открил затрупан бунар. Нацртите покажуваат дека бунарот на ова место стоел и во 16 век.
Бил решен да копа и понатаму, но во тоа го спречила сопругата која го натерала да ја затрупа дупката за во неа да не падне некое од нивните три деца.
Меѓутоа кога децата пораснале, а Колин во 2011 година заминал во пензија, повторно тргнал во потрага по злато за кое размислувал сите тие години, седејќи на каучот над затрупаниот бунар.
Со помош на соседите почнал да извлекува земја со помоѓ на канти со јаже. Прво на длабочина од метар ипол наишол на дрвен меч завиткан во кожа. Потоа нашол и некои германски експлозивни средства.
Дури во дупката вградил и светло и ја осигурал со вратичка меѓутоа се застанало кога наишол на подземни води. Тоа го забавило во намерата да копа понатаму, но уште не отстапува од намерата да открие што се наоѓа на дното на бунарот.
„Би сакал да можам да отпатувам во минатото и да откријам што се крие долу“, вели Колин Стир кој и натаму мечтае за закопано богатство.