Му се смачило да ја слуша сопругата како постојано се жали, па изградил ротирачка куќа (снимка)


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


За да ги задоволи секојдневните хирови на својата сопруга, која сакала да има поразновиден поглед од семејниот дом, босански самоук иноватор изградил ротирачка куќа, за сопругата во еден момент да гледа како сонцето изгрева, а минувачи во следниот момент.

„Се изморив од нејзините поплаки и честото преуредување на нашиот семеен дом и реков:„ Ќе ти изградам ротирачка куќа за да можеш да ја ротираш како сакаш “, изјавил Војин Кусиќ (72) за Ројтерс.

Сместена на плодна рамнина во северна Босна во близина на Србац, куќата се врти околу својата оска со саканата брзина, со поглед на полињата со пченка и земјоделското земјиште , како и шуми и река.

„Куќата може да направи целосен круг за 24 часа со најмала брзина, додека со најбрза ротација може да направи целосен круг за 22 секунди“, вели Кусиќ.

Неговата сопруга одбила да коментира за новата куќа.

Кусиќ реко дека бил инспириран од пронаоѓачите Никола Тесла и Михајло Пупин и дека неговото лошо минато, без можност за добро образование, го натерало да бара начини да направи нешто сам.

„Ова не е иновација, се` што е потребно е волја и знаење, и имав доволно и време и знаење“, рече тој, додавајќи дека куќата ја изградил целосно сам.

Му биле потребни шест години за да го заврши проектот, а одмор му бил престојот во болница поради проблеми со срцето. Тој вели дека куќата е поотпорна на штети од земјотрес отколку стационарните куќи.

„Ги замолив докторите да се обидат да ми го продолжат животот барем за една година, бидејќи го имав овој проект во мојата глава … и никој немаше да знае како да го заврши“.