Му се смачи „принцувањето“: На малиот Џорџ му е преку глава од кралските патувања


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Синот на принцот Вилијам и војводката Кејт Мидлтон, малиот принц Џорџ со родители и неговата две години помала сестра Шарлот се на турнеја низ Европа.

Додека неговите родители ги извршуваат службените процедури од кралската посета, четиригодишниот Џорџ не се срами да покаже колку овие патувања за него се исцрпувачки и досадни.

По слетувањето на кралското семејство во Лондон, малиот Џорџ не можеше да се воздржи, па со поспан израз на лицето, нервозно движење на рацете и со влечење на неговите родители покажа дека овие патувања за него се досадни.

Додека четиригодишниот Џорџ нервозно го чекаше крајот на официјалниот прием, неговата сестра Шарлот беше мирна, а вниманието ѝ го одвлекуваше букетот кој што го доби како поклон за добредојде.