Му се допаѓате, а не смее да ви пријде: Ова се знаците кои укажуваат дека до уши е ЗАЉУБЕН во вас?!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Обратете внимание на овие работи и можеби ќе дознаете дали на некому му се допаѓате многу, а тоа се обидува да го сокрие.

Колку сака да ви биде блиску?

Тука постојат два типа:

Првиот тим луѓе секогаш се обудуваат да бидат блиску до оној во кого се заљубени. Обично одат на места на кои „случајно“ можат да налетаат на нив. Би сакале случајно да се допрад кога ќе имаат прилика за тоа, да кажеме, ненамерно ќе ги бутнат, ќе ги гушнат кога и да е има добра прилика за тоа…

Вториот вид се луѓе кои спротивно се однесуваат од првите. Тие по секоја цена се обидуваат да го избегнат оној кој им се допаѓа. Знаат да бидат груби во разговорот со неажнего, бидејќи на тој начин се обидуваат да ги сокријат своите чувства. Понекогаш така се однесуваат бидејќи се убедени дека немаат шанси да им се допаднат на оној во кого се заљубени.

Анализирајте ги очите

Оној кој е заљубен во некого, несвено секаде ќе го следи со поглед. Но, кога ќе биде фатен во таквото следење, ќе го насочи погледот кон било што, завесите на прозорот или нешто друго сосема безначајно. Кога некој кој е заљубен во вас го фатите во тоа, тоа знае да биде многу симпатично.

Необичен начин на зборување

И тука постојат две сценарија: едните филозофираат, другите трокираат

Во близина на оној кој му се допаѓа, личноста нагло го менува својот природен начин на зборување и тоа понекогаш може да наликува како некој да споил писател, филозоф и новинар во еден, начин на кој инаку зборува нагло се менува во нешто помилозвуче. Можеби ќе бира сложени и интересни теми кои инаку не го интересираат премногу, само да остави добар впечаток.

Се случува во такви ситуации некои луѓе да почнат да трокираат. На пример, сериозни и елоквентни луѓе, стануваат „малку чудни“, односно имаат потешкотии со нормалното изговарање на било што.

Зборуваат на другите за него\неа

Заљубените луѓе имаат потреба да зборуваат пред другите за предметот на својот интерес, но тоа не мора секогаш да биде позитивно, туку некогаш и негативно. Тоа го прават за да ги сокријат нивните вистински емоции, имаат чувство дека ако кажат нешто позитивно, сите ќе забележат дека се заљубени во таа личност. Знаат да зборуваат пред другите и за сличностите кои ги имаат со личноста која им се допаѓа.

Не можат да ја контролираат насмевката

Кога ќе ја погледнат личноста која им се допаѓа, луѓето не можат да си помогнат – насмевката едноставно им се појавува на усните. Ако се чувствуваат силни, тогаш низ насмевка ќе ги подигнат веѓите. И едната и другата група го прават тоа несвесно. Исто така, ако се наоѓаат во друштво на повеќе луѓе и се повеќе се смеат бидејќи некој кажал нешто смешно, но ќе го гледаат оној кој им се допаѓа, се разбира исто така несвесно.

Ги менуваат интересите

Заљубените луѓе можат да станат заинтересирани за работи кои се интерес на оној кој им се допаѓа. На пример, оддеднаш ги интересира спорт, а пред тоа не, или некоја литература која не би ја ни погледнале. И не заборавајте, постојат луѓе кои се исклучок од правилата и без оглед на тоа колку тешко се обидувате да ја дознаете вистината, односно нивните емоции, тоа нема да ви успее.