Му падна секирата во медот: Најзгодниот затвореник „си лапна“ милионерка


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ви текнува на синоокиот затвореник чија затворска слика своевремено ги обиколи сите светски медиуми и од него направи медиумска инстант ѕвезда, иако уште беше во затвор, па го прогласија за најсекси затвореник на светот?

Станува збор за 33-годишниот Џереми Микс кој, откако ја отслужи својата затворска казна, почна да работи како модел во светот на модната индустрија и често беше виден на сите поголеми модни настани. Не ја пропушти ни Неделата на машката мода која моментално се случува во Париз, а таму се појави со својата 26-годишна девојка, наследничката на Топ Шоп империјата, Кло Грин.

Парот ги привлекуваше погледите со своите стилски модни изданија. Џереми комбинираше неколку сини нијанси и изгледаше елегантно во одело и капут од жакард. Неговата девојка беше во полежерно издание, со широка маичка и панталони, капут со крзнени детали и чевли со платформа и ѕвездички потпишани од Стела МекКартни.

Поради излегувањето од затвор, Џереми ја напушти сопругата Мелиса, која му беше поддршка во најтешките моменти, токму поради Кло Грин. Парот се заедно од минатото лето. Таткото на Кло, Филип Грин, е британски бизнисмен и прв човек на компанијата Arcadia Group, која поседува дуќани како што се Topshop, Miss Selfridge, Dorothy Perkins, Topman и многу други.

Кло, всушност, ништо не работи, а важи за разгалена татина маза која незадржливо ги троши неговите пари. Таа не штедни ниту кога е во прашање нејзиниот дечко, а бројните луксузни забави и годишни одмори станаа дел од нивното секојдневие, па се шушка дека Џереми планирал да ја освои богаташката поради лесниот живот каков што претходно го немал.

Но, тој го вели токму спротивното упорно тврдејќи дека никогаш не трчал по пари.

„Никогаш не сум бил посреќен и да нема ниту долар во џебот, повторно би се вљубил во неа“, истакна Џереми во едно интервју.