Му опали среќата на Лото со бројки кои ги игра 20 години – освои 1,67 милиони евра


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Еден берлинец над две децении секое коло од играта на среќа Лото ги играл истите бројки, за конечно, после дваесет и кусур години, среќата да му се насмевне на таа комбинација, со која освои 1,67 милиони евра.

Среќниот добитник чие има не е објавено, шест исти бројки упорно ги играл на играта Лото „6 од 49“ која се извлекува секоја сабота. Неговите бројки се конечно извлечени викендов, објави лотаријата од Берлин.

Портпаролот на Лотаријата изјавил дека среќниот добитник истите шест бројки ги заокружувал уште од јули 1998 година.

За добитното ливче среќниот берлинец уплатил 6,75 евра.