Му одржа лекција на Леброн Џејмс „да не брза како прле пред магаре“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Кога ќе се актуелизира расно прашање, Леброн Џејмс „како поскок“ се репетира и веднаш коментира за тоа.

Во еден инцидент во кој бел полицаец пукаше во црна девојка, веднаш твитна дека е уморен полицајци да му ги убиваат браќата и сестрите. Полицијата извади снимка од body-cam, се виде дека не е тоа така банална ситуација (девојката со нож сакала да убие друга црна девојка) па Леброн го избриша твитот. Кенди Овенс е тука да му покаже колку е глуп, ако треба, на забавена снимка.

„Ако полицајците по дефиниција ги третираме како животни, што ќе биде исходот од тоа? Луѓе нема да сакаат да сакаат да стануваат полицајци. Кој е глуп да посакува така да биде линчувани во јавноста? А кога ќе останеме без полицајци, погодете во кои делови од градот ќе се случат најголемите бељи? Во добро чуваниот, 100 милионски имот на Леброн Џејмс во Бел Ер?“, го пецна таа.