Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Три непознати лица излегле од автомобил марка „Мерцедес“ и физички нападнале 21-годишно момче кое во моментов се бори за живот на скопските клиники.
Како што соопштија од МВР инцидентот се случил на автобуската постојка на булевар „Александар Македонски“ вчера, помеѓу 17,30 до 17,40 часот а напаѓачите по нападот веднаш избегале.
Момчето со иницијали Н.С. е префрлен на скопските клиники во неконтактибилна состојба а од МВР информираат дека се приведени две лица во ПС Кисела Вода под сомнение дека тие се напаѓачи.