Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
По одржување на дводневна седница за пратеничкиот имунитет на Трајко Вељаноски, Комисијата за мандатно имунитетни прашања гласаше со 4:4 гласа , така што на Вељаноски нема веднаш да му биде одземен пратеничкиот имунитет.
Членовите на Собраниската комисија вчера вечер гласаа со изедначен број гласови за одземање на имунитетот на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ , Трајко Вељаноски , поранешен претседател на Собранието.
„Тоа не значи дека е одбиено и не значи дека се препорачува негово прифаќање. Оваа тема на расправа ќе биде пренесена за одлучување на пленарната седница како што секогаш се прави“, рече претседателот на киомисијата Павле Богоевски.
Богоевски истакна дека на крајот на денот за имунитетот на одреден пратеник не одлучува самата комисија туку одлучува Собранието во целина.
Во моментот на гласањето синоќа не беше присутен пратеникот од ДУИ, Агим Шаќири.
Притворот за Вељаноски го побара судија за претходна постапка од Кривичниот суд поради сомнение за организирање на настаните на 27 април 2017 , за што се обвинети и екс министрите Миле Jaнакиески и Спиро Ристовски.
На Јанакиески допонително му е одредена мерка домашен притвор, а Ристовски останува во затворот во Шутка.