Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Телекомуникацискиот оператор Мтел, членка на групацијата Телеком Србија, денеска ќе објави почеток на услуги од мобилна телефонија и интернет на македонскиот телекомуникациски пазар. Мтел влезе на пазарот во ноември лани со услуги во сателитската телевизија, а раководството тогаш најави проширување и во сегментот на мобилната телефонија.
Податоците на Агенцијата за електронски комуникации покажуваат дека бројот на активни претплатници во мобилна телефонија во државава заклучно со вториот квартал годинава изнесува 1.932.608. Од резиденцијалните, 754.907 се припејд претлатници, а 928.381 постпејд, додека бројот на деловни претплатници изнесува 249.320.
А1 Македонија има 48,13 проценти од вкупниот број активни претплатници, по што следат Македонски Телеком со 47,39 проценти, Лајкамобајл со 3,19 проценти, Роби со 1,21 процент, Грин мобиле со 0,08 проценти.
Во приходите од обезбедување на мобилни комуникациски услуги (малопродажно ниво) во вториот квартал од годинава Македонски телеком учествува со 50,67 проценти, А1 Македонија со 47,7 проценти, Роби со 0,89 проценти, Лајкамобајл со 0,55 проценти, Греен мобиле со 0,12 проценти.
Пристап до интернет со широк и тесен опсег преку мобилна мрежа (2G/3G/4G) на крајот на вториот квартал имаат 1.473.555 претплатници.