Advertisements
Научна реалност

„Мртовечката глава“ се приближува кон Земјата

Астероидот кој има изглед на човечки череп во ноемви ќе пролета во близина на Земјата. Станува збор за астероидот со официјално име 2015 ТВ145 попознат и како „мртовечки халовин“.

Истово небесно тело во 2015-тата година, кога за првпат беше забележано од астрономите, помина на оддалеченост од околу 480.000 километри од нашата планета, што е за 1,3 пати подалеку од растојанието до Месечината.

Астероидот има пречник од 700 метри и според зборовите на експертите не претставува закана за Земјата. Како што се вели во објаснувањето, небесното тело е составено од карпи и метал и во случај да тргне кон нашата планета, тоа целосно би согорело штом ќе влезе во атмосферата.

Advertisements
To Top