Home Актуелно Мртов маж откриен во изгорена куќа во Куманово

Мртов маж откриен во изгорена куќа во Куманово

Телото на 78-годишен починат маж било пронајдено во опожарена куќа во Куманово. Од МВР информираат дека пожарот во куќата на мажот (Б.Ј.) бил пријавен утрово околу 4 часот.

„Полициски службеници излегле на местото и Б.Ј. бил пронајден починат“, велат од МВР.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово, а увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…