Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кристиано Роналдо, меѓу другото, е познат како спортист кој едноставно мрази да губи и не ги поднесува добро поразите. Секој пораз тешко му паѓа, посебно ако тој пораз е во борба за трофеј.
Јувентус вчера го играше италијанскиот Суперкуп против Лацио. Римскиот тим во Ријад однесе заслужена победа од 3:1.
На еден од најдобрите фудбалери на денешницата воопшто не му беше пријатно што изгуби, а тоа најдобро се забележа на доделувањето на медалите. Откако го доби медалот Роналдо веднаш го симна од вратот.
Ronaldo is not a fan of being second pic.twitter.com/3Hp05ZFknT
— Goal (@goal) December 22, 2019
Многумина ги интересираше што Роналдо направи потоа со медалот. Тоа не им избега на многубројните фотографи кои беа присутни на стадионот во престолнината на Саудиска Арабија.
What medal? pic.twitter.com/Jk4ZmseBnE
— Goal (@goal) December 22, 2019