Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Скоро е 23 часот, а во Амстердам врне снег. Двајца момци самоуверено приоѓаат до еден од излозите во најпознатиот секс кварт на светот. Во излогот стојат три девојки во чипкаста долна облека. Ги осветлува црвено светло. Една од нив ноншалантно гледа во мобилниот, не обрнувајќи внимание на момците кои ја набљудуваат од улица. Другата става кармин на усните, а третата лежерно се ниша со насмевка на лицето.
Станува збор за квартот Де Вален, каде проституцијата е сосема легална и каде дамите на ноќта примаат дури и кредитни картички. Девојките од излозите тука дневно можат да заработат и повеќе од 300 евра, па поради тоа кружи мит за „среќните курви“ кои работат на улиците од Квартот на црвените фенери. Сепак, Дејли Мејл ја пренесува другата, онаа вистинската страна за проституцијата во Амстердам, која е многу помрачна од „идиличниот“ мит кој кружи за овие сексуални работнички.
Податоците од судењата поради трговија со луѓе во холандските судови ја откриваат стравичната вистина – дека многу девојки кои денес стојат по излозите крај Црвените фенери се девојки од земјите на Источна Европа кои во квартот на проституцијата ги довеле немилосрдните макроа за кои е сосема нормално да користат насилство и силување за да го добијат она кое го сакаат.
„Не продаваат како ствари во трговски центар“, вели една од девојките за Дејли Мејл. Поттикнати од големиот број приказни за принудни естетски операции и абортуси, голем број политичари и активисти во Холандија се свртеа против трговијата со секс.
Еден холандски адвокат проституцијата во таа земја ја опиша како „комерцијално силување“. Поради тоа е во подготовка нов закон, кој на сила би требало да стапи следната година, а кој сексот со проститутка за која клиентот знае или се сомнева дека во Холандија стигнала преку трговија со луѓе, ќе се смета за кривичен прекршок кој ќе се казнува со казна до четири години затвор.
Романката Анџелика пет години помина во излозите од Црвениот кварт. Кога имала само 17 години, мажот кој го сметала за свој дечко ја намамил во Лондон со приказната дека таму ја чека работа како фризерка. Штом слетала, ја дочекал непознат маж, клиент, кој јасно дал до знаење дека го сака нејзиното тело.
Ги зеле нејзиниот пасош и ја држеле како заточеничка. Набрзо ја продале и така се нашла во излозите во Амстердам.
„Типот кој ме доведе во Лондон, а потоа и во Амстердам, ме третираше како парче месо“, вели таа. „Кога ги видов излозите со девојки во нив, почнав да плачам. Не можев да престанам со плачење, бидејќи знаев дека и мене тоа ме чека“, се потесетува Анџелика.
Потоа била известена дека на своите киднапери им должи околу 30.000 евра, бидејќи „го поткупиле нејзиното семејство да не го пријавува нејзиното исчезнување“, нормално, лажејќи ја за тоа. Нејзината дневна заработка била околу 400 евра кои оделе директно кај нејзиниот макро, кој и оставал по 10 евра за храна. Го зеле нејзиниот мобилен и добила обична Нокиа со минимален кредит на сметката, само за да може да комуницира со макрото.
Тој ја тепал и силувал. Клиентите плаќале по 40 евра за „класичен“ секс и по 100 евра за секс без кондом. Кога се обидела да одбие клиент кој сакал секс без заштита, нејзиниот киднапер ја исекол со нож и се заканил дека, ако се повтори тоа, ќе помине уште полошо.
„Макроата ми велеа дека тоа е легално, дека со мене можат да прават што сакаат и дека полицијата е на нивна страна, а не на моја“, раскажува Анџелика, која наскоро и самата своето тело почнала да го доживува како нешто што му припаѓа на друг.
„Англичаните се најлоши. Ме третираа како ѓубре. Знаеја да мочаат по мене и да ми се смеат додека го прават тоа. Секогаш беа пијани“, раскажува таа. Работела по 12 часа дневно, а понекогаш морала да остане да спие во борделот, во случај некој клиент да сакал секс рано утрото.
На крајот успеала да ја открие својата приказна на едно лице од агенцијата кое редовно ги обиколувало борделите. Кажала дека во Холандија стигнала како бело робје и дека сака да излезе. Потоа ја посетил полицаец во цивил кој се преправал дека е клиент. Му ја раскажала својата приказна и полицијата успеала да ја извлече во засолниште надвор од градот.
Меѓутоа, времето поминато зад излозите оставило траг на неа. Се заразила со полово пренослива болест, минала низ принуден абортус, а нејзиното семејство долго време не сакало да зборува со неа, бидејќи киднаперите ги убедиле дека таа своеволно отишла и станала проститутка.
Сега живее во еден хостел во Романија и повторно контактира со семејството. „Сега знам дека бев жртва на трговија со луѓе, но тогаш не ни знаев што значи тој збор“, вели Анџелика.
Но, очигледно на клиентите од Црвениот кварт и понатаму не им е гајле што девојките кои работат таму се жртви на трговија со луѓе. „Ми се стори дека една девојка е жртва, бидејќи пред нејзината врата постојано имаше некој огромен тип. Изгледаше помлада од 16 години, сигурно дојдена од Полска, Русија, Албанија или Романија“, раскажува еден маж кој го посетил квартот.
„Една од жените имаше модрици и исеченици. Ја прашав дали е добро, а таа само се насмевна и ми рече дека е добро“, вели друг посетител.
„Сите тие го сакаат тоа, така? Ако е легално. Ако е зад прозорец и очигледно, пред очите на сите, не е underground, тогаш не е нелегално и тие тоа го сакаат“, вели трет.
Меѓутоа, приказните како оваа од Анџелика ги менуваат ставовите за проституцијата во Холандија и повеќе и повеќе луѓе не го одобруваат тоа и сметаат дека не би требало да биде легално. „Легализацијата не промени ништо во проституцијата. Жените и понатаму не се безбедни“, заклучува активистката Ренате ван дер Зи.
„Проституцијата ја легализиравме во 2000 година. Идејата беше на жените да им дадеме слобода и да го отстраниме криминалот. Но, наместо со слободен избор, проституцијата ја поврзавме со трговија со луѓе“ вели холандскиот парламентарец Герт-Јан Сегерс од Христијанската унија. „Црвениот кварт е мрачно место. Понижувачко и језиво, ми навираат солзи на очите од тоа“, заклучува тој.