Мрачната тајна зад омилената шминка на девојките и жените (видео)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Shady“ е серијал кој ја разоткрива онаа страна од светот на убавината која ја немате видено. Водена од Лекси Лебсак, урединчка за убавина во Refinery 29, серијалот навлегува во мрачните позадински тајни на светот на убавината и козметиката.

„Shady“ го пренесува гласот на илјадниците луѓе заробени во производството на оваа брзорастечка индустрија и го поставува прашањето „дали и колку сето тоа вреди“.

Во оваа епизода која ви ја пренесуваме подолу, Лекси Лебсак ги истражува неетичките извори за состојките кои ги содржи речиси секој козметички производ од редот на шминките.

Таа патува до индиските рудници за микашист, за да ја разоткрие притаената вистина за децата кои робовски се злоупотребени да работат во овие минерални рудници за потребите на козметичката индустрија за шминки.