Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Стравичниот нов тренд на несоодветни за деца цртани филмови, направени посебно за малишаните што повеќе да кликаат на нив, го има преплавено интернетот.
Наизглед невините цртани филмови се објавуваат на платформи како YouTube, а во нив се јавуваат популарни ликови од типот на Peppa Pig, Spider man и Else од „Frozen“. Но, оригиналните цртани со овие ликови се преправени за да се прикажуваат насилни сцени, вклучилтено и убиства, канибализам и порнографија, пренесува Daily Mail.
Внимавајте што гледа вашето дете
„Вашето дете би можело да гледа видео со Peppa Pig кој би можел да биде сосема нормална верзија, а секунди подоцна може да гледа нешто сосема несоодветно, притоа мислејќи дека и понатаму станува збор за истата работа“, вели експертот за интернет Рос Барк. Во некои случаи визуелната содржина останува непроменета, а се заменува само аудитивниот сегмент и се вметнува навредлив речник и простачки шеги.
Бидејќи разни цртани се јавуваат во серија со „сугерирани“ анимирани филмови, и таквите непристојни и несоодветни цртани автоматски ќе почнат да се прикажуваат после завршувањето на обичниот и нормален „цртич“. А некои деца гледаат цртани филмови на сопствени уреди со помош на слушалки, па родителите и другите повозрасни лица околу нив воопшто немаат претстава што гледаат и слушаат.
Премногу видео материјали за добра контрола
Понатаму, YouTube не може да направи ништо во врска со таквите непристојни цртани филмови, бидејќи секоја минута на оваа платформа се објавуваат нови 300 часа непроверен видео материјал. Поради тоа, од таму бараат од родителите да помогнат за отстранување на таквите видео снимки со нивно пријавување.
Родителите се советуваат да комуницираат со своите деца за да знаат дали тие биле изложени на такви видеа. „Објаснете им дека, за жал, некои лоши луѓе направиле такви цртани кои не треба да ги гледаат деца“, вели клиничкиот психолог Џенет Хал.