Мрачната страна на крстарењата: Не е сè бајковито на егзотичните патувања со брод?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Сонце, океан, коктели и богаташи не се единственото нешто што крузерите можат да им го понудат на своите клиенти, тука е и мошне загадениот воздух, предупредува германската Асоцијација за животна средина (НАБУ).

Мерењата на француските истражувачки новинари покажаа дека на еден брод кој тргнал на крстарење од Марсеј концентрацијата на штетни ултра фини честички била и до 200 пати поголема отколку во природата, а 20 пати поголема од коцентрацијата во центарот на фреквентните пристанишни градови како Марсеј, Венеција, Хамбург и Барселона.

– Во текот на мерењето од 50 минути е забележана просечна концентрација од 60.000 честички по кубен сантиметар воздух. Концентрацијата на отвоено море би требало да биде меѓу една илјада и две илјади, вели Даниел Рејгер, истражувач на НАБУ.

Мерењата се вршени на повеќе места на бродот, а интересно е дека најголема концентрација имало на палубата и на патеката за трчање.

Како што велат од организацијата, заради овие истражувања гермаnското Здружение на пулмолози ги советува сите патници да не поминуваат многу време на отворена палуба, особено ако имаат хронични проблеми со белите дробови.

Иако нема потврда, од НАБУ тврдат дека резултатите се индикативни за сите бродови на крстарењата.

Од Меѓународното здружение на линии за крстарење (ЦЛИА) ја негираат веродостојноста на истражувањето и велат дека за поконкретни резултати е потребно „системско и подетално мерење“.

– Тврдењата не држат вода. Ние не сме запознати со овие мерења, вели Хелга Грамершторф од ЦЛИА.