Мозокот се подмладува, црниот дроб закрепнува: Еве што се случува со вашите органи во текот на слабеењето


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Веќе знаете дека симнувањето на килограмите во секој случај е добро за вас, но знаете ли колку точно? Од паметење до дишење, слабеењето има позитивни ефекти на целото тело, односно на големиот број органи.

Белите дробови

Губењето на 5-10% од телесната тежина го намалува губењето на воздухот и ја подобрува функцијата на белите дробови. Тоа може доста да го промени вашиот живот. Можеби ви звучи смешно да се качите по скали без губење на воздух, но навистина го менува животот, вели нутриционистката Керолин Палистер за Мирор.

Црниот дроб

Губењето на килограмите помага во спречувањето на собирањето на маснотии околу црниот дроб. Ако не се лечи, масниот црн дроб може да предизвика рак и негово откажување, објаснува Ванеса Хебдиќ од Центарот за болести на црниот дроб. Со слабеење во голем број случаи штетата може да се поправи, а црниот дроб да се врати во нормала.

Грб

Прекумерната тежина предизвикува болки во грбот, но слабеењето и движењето може тоа да го спречи, а исто така да го забрза закрепнувањето. Со слабеењето се губат килограми кои ги оптеретуваат мускулите и грбот, вели физијатарот Тим Алардајс.

Црева

Дебелеењето го зголемува ризикот од рак на цревата, така што, оддржувајќи ја здрава тежината, се заштитувате од тешко заболување. Исхраната од многу овошје, зеленчук и житарици исто така го намалува ризикот

Мозок

Не само што оддржувањето на здравата тежина му помага на вашиот мозок добро да функционира во постара доба, туку може и да го подобри. Паметењето и менталниот процес генерално стануваат подобори откако го загубите вишокот на килограми.

Гради

Ако сте дебели, губењето на 5% од телесната тежина или повеќе, го намалува ризикот од рак на дојката за 25-40%, тврди Мишел Харвије, стратег за превенции од тој тип на рак.

Колена

Ако индексот на телесната маса ви е од 30 или повеќе, поголеми се шансите да развиете остеоартритис на колената. Но, секој половина киограм кој ќе го загубите може да го намали ризикот за четирипати, објаснува реуматологот Филип Конаен. И најмалото губење на тежината може да значи разлика во болката на зглобовите.

Стапала

Вишокот килограми влијае и на начинот на кој одите. Стапалата ви се пошироко поставени, а прстите споени. Тоа придонесува стапалата да се нестабилни, а тоа носи проблеми како што се болки во стапалата, колената, колковите и долниот дел на грбот. Слабеењето може да ја подобри состојбата за 12 недели, вели Френ Кембел.

Срце

Губењето на 5-10% од телесната тежина е поврзано со намалување на величината на срцето, како и со густината на артериите, што се добри бести за превенција од срцев удар, покажа истражувањето на лекарите од Вашингтон.