Мозокот на Тери Џонс дониран на институт кој ја истражува деменцијата


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Мозокот на еден од основачите на култната актерска комичарска трупа „Монти Пајтон“, неодамна починатиот Тери Џонс, беше дониран на Институтот за неврологија на Универзитетот во Лондон, со цел да се искористи за истражување на деменцијата.

Семејството на Џонс ги потврди овие наводи, кажувајќи дека актерот, изјавувајќи дека актерот од 2015 година се бореше со фронтотемпорална деменција.

Според пишувањето на „Телеграф“, на ваква одлука актерот се одлучил после разговорите со неговиот лекар и семејството, а постапката за донирање на овој витален орган од Џонс беше извршена набрзо после неговата смрт.

„Количеството на информации кои ги добивме проучувајќи го човечкиот мозокт се феноменални. Со помош на најновите технологии сега можеме да учиме за она што се случува во поединечните ќелии. Исто така, некои мозочни ткива од банката на Јуниверзити Колеџ Лондон се испраќаат ширум светот со цел да ги проучуваат и други истражувачи“, вели професорот Томас Ворнер, директор на банката на УКЛ.

Џонс прв пат почна да покажува симптоми на деменција во 2014 година, кога не можеше да се сети на сите текстови на „Монти Пајтон“. Една година подоцна му беше дијагностицирана фронтотемпорална деменција.

Во разговор за „Гардијан“ во 2017 година, неговиот колега и близок пријател Мајкл Пејлин се потсети како писателот, режисер и комичар реагирал на својата болест.

„Она што ме погоди е како Тери реагираше на дијагнозата. Запираше луѓе на улица и им кажуваше дека има деменција. Мојот преден дел од мозокот не функционира како што треба. Точно знаеше што му се случува и сакаше тоа да го сподели со сите. Едноставно, таков беше Тери“, раскажа Пејлин.