Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Министерот задолжен за странски инвестиции во Владата на Република Македонија, Аднан Ќахил, денеска беше дел од панел-дискусијата организирана од страна на Независната асоцијација на индустријалци и бизнисмени (МУСИАД) на која беа поканети претставници од Афјонкарахисар трговска комора од Република Турција, како и лица од бизнис-заедницата.
На панел-дискусијата, покрај министерот, збор зeдоа и претседателот на МУСИАД Балкан, Билал Кара, Винјамин Кутлу, раководител на трговското претставништво на Република Турција, потпретседателот на Афјонкарахисар трговска комора, Ахмет Неолдум, како и правниот советник г. Кирил Папазоски.
Министерот Ќахил ги поздрави присутните, по што ги претстави можностите за инвестиции во Република Македонија. Тој посочи дека Македонија е центарот на Балканот и оваа географска местоположба Македонија ја прави најатрактивно место за инвеститорите кои се заинтересирани за соработка со регионот.
„Македонија е држава од стратешко значење токму поради тоа што се наоѓа во срцето на Балканот. Со промените што ги подготвуваме во однос на инвестиционата политика ве уверувам дека компаниите ќе имаат повеќе можности за креирање успешни бизниси, како и достапност за соработка како со балканските така и со европските држави“, изјави министерот.
Ќахил рече дека се работи за подобрување на условите со кои целиот процес ќе стане подобар, поправеден и потранспарентен во однос на субвенциите и државната помош.
„Моето искуство покажува дека во минатото министрите задолжени со ова прашање, Агенцијата за странски инвестиции и Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони креирале разни инвестициони политики и постоела тотална некоординираност. Се случувало фирми од ист сектор, кои доаѓаат од разни држави, да добиваат различни субвенции. Ако тогаш се ветувало, сега е време за работа. Точно е дека сето искуство е стекнато во минатото, но ние никогаш не живееме во него“, рече министерот Аднан Ќахил.