Можност на обвинетите од „Титаник“ за увид во доказите во судската библиотека


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Обивнетите од случајот „Титаник“ добија можност за увид во доказите од страна на судијата Осман Шабани.

Бившиот премиер и некогашен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, со останатите 20 обвинети ќе можат во период од десет дена да вршат секојдневен увид во доказите за изборните нерегуларности во библиотеката на Основниот суд Скопје 1.

Иако одбраната на обвинетите бараше подолг временски период за да може да ги разгледа доказите, судијата Шабани не дозволи и нагласи дека во тие десет дена обвинетите постојано ќе можат, без ограничување да вршат увид.

По ваквата негова одлука повторно реагираше обраната, нагласувајќи дека следуваат велигденските празници и дека ќе има и неработни денови, но судијата не ја промени одлуката.

По завршување на рочиштето судијата Шабани ги повика сите обвинети на заминување да земат и транскрипт од прислушуваните разговори. Во овој предмет СЈО има вкупно 1.068 прислушувани разговори како доказ кои се испишани на 25.000 страници.

Судот за случајот Титаник одреди три термини во април и пет во мај. Следното рочиште е закажано за 12 април до кога адвокатите и обвинетите ќе треба да направат увид во доказите.