Нобел

Можно е протекување на приватни податоци од милијарда корисници на Yhaoo

Американската интернет компанија „Yahoo!“ во средата објави дека за време на хакерскиот напад во 2013 година, злонамерниците можеби украле податоци за повеќе од милијарда корисници.

Во Yahoo веруваат дека „трета страна во август 2013 година украла податоци, кои се однесуваат на повеќе од милијарда сметки на корисниците“, се наведува во соопштението кое го цитира AFP. Според податоците на компанијата „инцидентот, најверојатно, е поврзан со оној за кој компанијата веќе извести на 22-ри септември 2016 година“.

Во септември годинава Yahoo објави дека кон крајот на 2014 година хакери украле податоци за 500 милиони корисници на неговиот интернет пребарувач. Според компанијата, украдените информации можеби ги вклучуваат корисничкото име, адресата на електронската пошта, телефонскиот број, датата на раѓање, шифрираната лозинка и, во некои случаи, заштитените и незаштитените со лозинки тајни прашања, како и одговорите на нив. Притоа, во ова истекување на личните информации на корисниците не биле опфатени незаштитените лозинки на платежните картички или банкарските сметки.

Американската компанија „Yahoo!“ е основна во 1994 година, а нејзиниот систем за пребарување е еден од најпопуларните на светот. Во јули годинава беше објавено дека еден од најголемите американски телекомуникациски оператори „Verizon Communications Inc.“ ќе се здобие со оперативниот бизнис на „Yahoo!“ за сума од 4,83 милијарди долари. Зделката, како што се очекува, ќе биде завршена во првиот квартал од 2017 година.

Advertisements
To Top