Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Во последната листа на лица за помилување која ја достави сега веќе бившиот претседател на САД, Доналд Трамп, се најдоа советници, донатори, рапери обвинети за поседување оружје. Но, на истата не се најде и основачот на Викиликс, Џулијан Асанж.
Во последната транша, Доналд Трамп помилува 73 а им ја намали казната на 70 лица.
Најзвучно име меѓу помилуваните е Стив Бенон, основач на конзервативниот медиум Брајтбарт и некогашен клучен советник на американскиот претседател, кој се товари за измама и перење пари. Се работи за донациската онлајн кампања „”We Build The Wall“ во која беа собрани преку 25 милиони долари. Иако на донаторите им било ветено дека сите пари ќе одат за фамозниот ѕид, пари се префрлале и на приватни сметки: Банон има земено барем ден милион преку една непрофитна која тој ја контролира.
Помилуван е и Лил Вејн (вистинското име му Двејн Мајкл Картер Јуниор кому му се закануваше казна затвор за купување оружје од осуден криминалец, но тој го поддржа Тrамп на ноемвриските избори. Сличен случај е и со помилуваните Бил Капри, рапер познат како Кодак Блек, како и со Мајкл „Хари О“ Харис, еден од основачите на дискографската куќа Death Row Records.
Претседателски помилувања, кое во правните системи се вградени како акти на милосрдие, добија и некои звучни донатори на Трамп и Републиканската партија, како Елиот Брojди и Пол Ериксон.
Таква среќа немаше Џулијан Асанж кому на глава и натаму му висат 18 тешки обвинувања иако помилување за него побара неговата партнерка Стела Морис. Британски суд неодамна го одби американското барање за екстрадиција, но, како што забележа Славој Жижек, тоа беше „добра одлука од погрешни причини“ бидејќи не навлезе во суштината на предметот туку се темелеше на загриженост за менталното здравје на 49 годишниот Асанж.
„Повикување на ментално здравје е оправдување да се испорача правдата. Животот на Асанж е (можеби) спасен, но неговата кауза – слобода на медиумите, борба за право на јавно објавување на какви било државни кривични дела – останува кривично дело. Ова е индикативен пример за тоа на што всушност се сведува хуманизмот на нашите судови“, напиша Жижек (види во статијата „Најголемото предавство на Трамп е кон популизмот”).
Откако ги изгуби изборите, Трамп бааги нагази на оваа претседателска привилегија: за Божиќ помилуваше 50 лица или вкупно 90 пред оваа последна транша.
Не е тоа ништо чудно за американски претседател во заминување. Дента пред да замине од Белата куќа, Барак Обама одеднаш помилува 330 лица кои служеа затворски казни за дела поврзани со поседување наркотици, со што сакаше да обрне внимание на претераното носење зад решетки кое го донесе официјалната „војна против дрогите“. Патем речено, во тоа ни Камала Харис не е невина (види: „Тулси Габард, жената која ја раскринка Камала Харис“).
Нај без усул и срам сепак беше Бил Клинтон кој на заминување создаде Пардонјгејт, помилувајќи 100 луѓе, меѓу кои и сопствениот брат како и финансиерот во бегство, Марк Рич.
Во прошталниот говор, Доналд Трамп изјави дека е особено горд на фактот што после многу децении, тој е првиот претседател на САД кој не започнал ниту една војна.