Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Со Грција се уште нема договор за прашањето за името, а исчекор се очекува најдоцна до утре, до кога треба да се случи најавениот телефонски разговор меѓу премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, што треба да биде заокружување на договорената рамка за решението на последната средба меѓу шефовите на дипломатиите Никола Димитров и Никос Коѕијас.
Спорот за името со Грција беше и главна тема на синоќешниот состанок на Централниот одбор на СДСМ кој му даде целосна поддршка на Заев да ги продолжи разговорите и да носи одлуки во врска со ова прашање
Извор: 24вести