Можеби сте го прележале коронавирусот без да знаете – овие три симптоми можат да укажуваат на тоа


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Кога станува збор за симптомите кои се манифестираат кај лица заразени со коронавирус, најчесто слушаме за зголемена телесна температура, кашлање…

Но, науката докажува дека дијареата и осипот по кожата исто така се дел од честите симптоми кои што се појавуваат како последица на инфекцијата коронавирус.

Истражувањето спроведено на Кралскиот колеџ во Лондон покажало дека луѓето кои што прележале коронавирус, имале симптоми кои што и по оздравувањето се задржале во нивното тело подолго време, понекогаш со седмици или месеци, а меѓу најчестите симптоми бил уморот.

Истражувањето за симптомите на коронавирусот покажало дека околу 10 отсто од оние кои што прележале Ковид-19, повеќе седмици по закрепнувањето чувствувале умор, биле без волја и се чувствувале ненаспано.

Меѓу симптомите кои што биле пријавени по прележување на болеста биле и забрзана работа на срцето и болки во мускулите.

Бидејќи за коронавирусот сепак сè уште не се знаат доволно работи, докторите сепак советуваат дека оние кои што прележале или пак кои што мислат дека прележале коронавирус, не се враќаат баш веднаш во ”нормален” режим на живот.

„Приоритет би требало да биде одмор и намалена количина стрес, а не многу обврски и тренинзи“ – пренесува „Metro“.