Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Не е комплициран, се прави без многу состојки и тоа за десет минути, а со вкусот лесно ќе ви го спаси домаќинлукот во случај да ви дојдат ненајавени гости. Можете да го сервирате во чаши или мали теглички.
За четири чаши ви е потребно:
100-150 грама плазма бисквити
300 грама несолена урда
Сок и рендана кора од еден лимон
3 лажици шеќер
200 грама овошје по желба, може и замрзнато (нема да пречи ако има и повеќе)
Подготовка:
Ставете ги бисквитите во кеса и со помош на сукало издробете ги на парчиња, да не бидат премногу ситни, (затоа и не се мелат), но можете да користите и мелена плазма.
Несолената урда измешајте ја со ренданата кора од лимон и две лажици шеќер.
Издвојте малку овошје за декорација и преостанатата количина измешајте ја во блендер со лажица шеќер и сок од еден лимон.
На дното од чашата или тегличката ставете бисквити, па урда и на крај овошје. Украсете со преостанатото овошје и со бисквити, оставете да отстои во фрижидер сè до послужувањето.