Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Овие пет смртоносни подморници заедно можат буквално да го уништат светот за само половина час.
Американските магазин „National interest“ направил листа од пет најсмртоносни подморници на нуклеарен погон. Според магазинот истите можат за „само 30 минути да го уништат светот“, за нив се тврди дека се најсмртоносните оружје кое некогаш е создадено од човекот.
Најсмртоносна меѓу нив е американската подморница „Охајо“ вооружена со 24 балистички ракети „Тридент 2“ .Секоја од ракетите може да носи 12 термо нуклеарни глави од 475 килотони.
US Navy Ohio-class Ballistic Missile Submarine – USS Kentucky (SSBN 737) arrived into Naval Base Kitsap-Bangor on FEB 20 following a routine strategic deterrent patrol. pic.twitter.com/XlcDFaMGeW
— Navy Vessels (@NavyVessels) February 23, 2018
Магазинот тврди дека една подморница Охајо може да претвори во „прав и пепел“ 28 цели со големина на град за само 30 минути, и да ја уништи човечката цивилизација за „помалку време отколку што е потребно да се нарача пица“.
Во моментов девет подморници од класата Охајо се во Тихиот океан, а уште пет се во водите на Атлантикот.
Подморницата „Колумбија“ е на второто место на листата на најсмртоносни.
Овие подморници би требало да бидат замена за класата „Охајо“ . Новата подморница е малку поголема од класата „Охајо“ и можат да носат до 16 ракети „Тридент 2“.
Руската подморница „Проект 955 класа Бореј“ со балистички ракети е на третата позиција на ранг листата на „ National interest“.
Подморницата е опремена со 16 ракети од типот „Булава“ кои имаат дострел од 8000 километри. Тоа се нуклеарни боеви ракети специјално дизајнирани да избегнуваат непријателски противракетни системи.
Подморницата Бореј е најтивката подморница со боеви глави на светот.
На листата веднаш по „Бореј“ е и руската подморница „Делфин“ вооружена со балистички ракети „Проект 557 БДРМ“.
Оваа подморница е најбројна во руската флота . 16 балистички ракети кои ги носи можат да бидат испукани во било кој правец од сталниот курс во кружниот сектор. Подморницата Делфин е способна да испука проектили дури и на длабочина од 55 метри додека плови со брзина од шест до седум чворови.
Пета на листата е руската подморницата „Јасен“- „Проект 885 М класа“, опремена со нуклеарни глави.
Магазинот ја опишува подморницата како „сериозна опасност за САД“ наведувајќи дека „Јасен“ не носи нукеарни балистички ракети но има 32 дуални нуклеарни конвенционални крстосувачки ракети „Калибар“ со дострел поголем од 2500 километри.
Овие брзи и многу тивки подморници би можеле многу лесно да се доближат до брегот на САД на само 200 км, од каде би можеле да гаѓаат цели се до „Големите езера“, заклучува магазинот.