Мотивација за мажите, провокација за жените: Хемсворт на насловна од Men’s Health


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Еден од најпознатите австралиски актери, Крис Хемсворт, позираше за списанието Men’s Health и во интервју за истиот магазин откри неколку досега непознати детали од приватниот живот.

Меѓу другото, Крис откри дека планирал да се откаже од актерската кариера уште во 2009 годин, бидејќи имал големи проблеми со анксиозноста и нервозата. Сепак, одлучил да продолжи да се труди во кариерата со една причина – сакал да заработи доволно пари за да ја отплати куќата во која живеат неговите родители.

„Сакав да се откажам, малку фалеше за да го направам тоа. Меѓутоа, тогаш се сетив зошто почнав со актерство и што би направил ако заработам голема сума пари. Во еден од разговорите кои ги имав со мојот татко, го прашав кога мисли дека ќе ја отплати куќата во која живееме. Тој кратко ми одговори: Искрено? Мислам дека никогаш нема да ја отплатам. Тогаш одлучив дека сакам да го сменам тоа“, открива актерот, додавајќи дека тогаш почнал да се пријавува на голем број аудиции.

Бил на толку многу аудиции што неговата анксиозност пораснала до таа мера да знае дека може да ја искористи како гориво за пат кон успехот или како причина за откажување. Се одлучил да продолжи кон зацртаната цел.

„Се убедував себеси дека не сум нервозен пред аудиции. Во повеќето случаи тоа функционираше. Меѓутоа, еднаш, за време на Божиќните празници, имав момент кога одлучив дека аудицијата на која ќе одам ќе биде последна. Отидов на неа заради куќата од татко ми. Тогаш ја добив првата улога, а набрзо после тоа ја добив и улогата на Тор“, објаснува Крис.

За списанието Men’s Health позираше и без маица, а Хемсворт открива дека вежба пред сè за да ја одржува својата физичка кондиција и форма, а потоа и за да изгледа добро.