Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сите како деца сме ја пееле популарната детска песничка која ни дошла од поранешните Ју простори ’Ринге, ринге раја’. Но, за разлика од оваа верзија, каде се пее за јајца, чичо Паја и тн. оригиналната англиска верзија е далеку поморничава.
Песната „Ринге ринге јаја“ запишана е уште во 17. век во Лондон, и се однесувала на чумата – страшна болест која однела многу животи. Се смета дека оваа песничка настанала многу порано.
Зборот „Ring” на англиски јазик значи прстен или круг, a „Ring of Roses” (црвен прстен, прстен од рози) ги означува првите симптоми на чумата – црвенкастите кругови што се појавуваат на кожата.
Изворно песната звучи вака:
Ring-a-ring o’ roses,
A pocket full of posies,
A-tishoo! A-tishoo!
We all fall down.
Cows in the meadows
Eating buttercups
A-tishoo! A-tishoo!
We all jump up.
Значи, во англиската верзија не се спомнува ниту чичко Пајо, ниту јајца или чучнување. Се работи за страшната болест која ги зема детските животи. Заради тоа во текстот се кажува: прстен од рози, џеб полн со букетчиња, а-пчиха, сите паѓаме…
Првата строфа на детската песничка говори за болеста и умирањето, а втората строфа за лекот и оздравувањето: Крави на полјана пасат лековити растенија (жабји цвет), а-пчиха, сите паѓаме…
Во оваа песна се споменуваат два цвета – Розата и жабјиот цвет. Едниот има црвена боја, како црвените прстени што ги претставуваат симптомите на чумата, а вториот цвет е жолт и традиционално се користел како лек против грозница, воспаление, реума, иритација на кожата и слично.
Песничката се пеела слично како кај нас, децата се фаќаат за раце и формираат круг околу едно дете, играат околу него и ја пејат песната. Најбавниот во кругот е следниот што ќе стои во кругот (станува Rosie – Ружица).
Симболично, детето во средина ја претставува личноста заболена од чума, сама, изолирана. Во подоцнежните верзии детето што стои во средина на крајот на песничката бакнува некого од кругот и така го „заразува“ за тоа да биде Роза и за така да ги заменат местата.
Од кога настанала, песничката Ринге раја имала многу препеви и верзии на различни јазици и не е познато како прстенот од рози станал чичко Паја што носи јајца, од кое едно е сматок.
Во верзијата што се пее во земјите од поранешна Југославија детето на средина претставува сматок. Децата се вртат во круг и ја пејат песничката. На крајот сите деца ќе чучнат (симболично паѓаат). Детето што ќе задоцни станува сматок и оди во средина…
Ринге, ринге, раја
дошол чичо Паја,
и донесол јаја.
Едно јајце муч,
сите деца чуч.
Корените на детскава песничка се постари, од 17. век, и поврзани се болеста што го измачуваше светот. Се смета дека на почетокот ова била детска игра што се играла околу дрво од рози, што во паганизмот претставувало симбол на животот и светлината, како и надареност со натприродни способности.
Значи дека детската песничка датира уште од паганско време. Кивањето што се спомнува во песната го симболизира излегувањето на душата од телото. Паганските народи верувале дека душата може да ни побегне од телото при силно кивање, заради што се развил обичајот кога се кива да се стави рака пред устата и носот. Дури многу подоцна, со откривањето на бактериите и вирусите, ставањето на рака на уста станало начин да се спречи ширење на болест.
Од народното верување потекнува и изразот „душа во нос“ – со овој израз соопштуваме дека сме толку истоштени што сме на работ на смртта – душата се качила во носот и секој момент може да излезе од телото.